Историски ден за Косово: Османи потпиша барање за членство во ЕУ!
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на Собранието Глаук Коњуфца денеска ја потпишаа апликацијата за членство во Европската унија, јавува Клан Косова.
По тој повод Османи рече дека со потпишувањето на апликацијата Косово се доближило до Европската унија.
„Денеска е историски ден. Од денеска 14 декември има двојно значење во современата историја на Косово. Од една страна ја одбележуваме апликацијата за членство во ЕУ, а од друга страна годишнината на војската на Косово Заедно со Коњуфц и Курти, во име на Република Косово, правиме одлучувачки чекор кон остварување на нашата неотуѓива амбиција. Денеска го приближуваме Косово чекор поблиску до ЕУ“, рече Османи.
Османи посочи дека нема друга алтернатива за граѓаните на Косово.
„Овој чин е посветен на сите граѓани на нашата земја. Овој момент е посветен на секое дете, жена и маж на Косово кои ги жртвуваа своите животи и кои беа неправедно соочени со геноцид и окупација“, рече Османи.
Според неа, Косово заслужува да биде дел од ЕУ.
„Најмладата земја на најстариот континент, земја на политички плурализам, Косово со слободна пазарна економија, заслужува да биде дел од семејството на ЕУ. Нашиот пат напред е јасен, процесот може да биде долгорочен, но ние ќе го направиме нашето работа, за да може ЕУ полесно да си ја врши работата“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…