Снег на патот Лисец – Попова Шапка
Врнежи од слаб снег вечерва има на патниот правец Лисец – Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Поради изведување работи на експресниот пат од Градско до Дреново на местото каде што се гради новата клучка Градско, на државен пат А1, делница Велес-Неготино, се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот се одвива непречено, со брзина од 80 килопетри на час во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…
Алкохол нема да се продава по 21…
Во Сплит стапи на сила нова одлука…