Алијанса обвинува: “Тигрите” тепале млади Албанци без да им кажат зошто

t

Алијанса на Албанците (АА) тврди дека припадници на полициската единица „тигри“ изминативе денови тепале и малтретирале млади Албанци во Скопје, нанесувајќи им тешки повреди, без да наведат зошто го прават тоа.

Според партијата, „малтретирањата се повторуваат во континуитет и никој не дава никакво објаснување“.

-Како и во последниот случај, така и во другите случаи, полицијата не утврдила незаконски дејствија или напад врз полициските службеници, како причина за ваквото однесување, па дури и некои случаи не се ни регистрирани во полицискиот билтен. Со овие акции полициската единица „тигри“ која досега беше забранета за Албанците, сега станува опасна за Албанците, велат од АА.

Партијата бара министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, неговиот заменик Назим Буши, како и секторот за внатрешна контрола во МВР да преземат мерки за спречување на ваквото насилничко однесување на полицијата, како и расветлување на досега регистрираните случаи и да се санкционираат полицајците кои ги користеле овие насилни методи.

-Алијансата за Албанците најостро го осудува ваквото однесување на полицијата и за оваа појава ќе ги известиме сите меѓународни организации. Полицијата треба да биде тука за да ги штити а не да ги заплашува и силува граѓаните, велат од партијата на Арбен Таравари.

ЛИНК од објавата на Алијанса

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски на новогодишно дружење со децата на…

Денеска, (30.12.2023) за првпат во Министерството за…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

ДЕТАЛИ ЗА ФИЛМСКОТО АПСЕЊЕ ВО ГРЧЕЦ: Бегал…

Приведен нарко дилер од Грчец баран со…