Толку од слободата на говор? Твитер им ги угаси профилите на новинари на „Њујорк тајмс“, „Си-ен-ен“ и „Вашингтон пост“
Профилите на „Твитер“ што припаѓаат на неколку истакнати новинари кои го покриваат сопственикот на компанијата, Илон Маск, нагло беа суспендирани.
Американските медиуми објавија дека компанијата на мултимилијардерот, без претходно објаснување, им ги угаси профилите на новинари на „Њујорк тајмс“, „Си-ен-ен“ и „Вашингтон пост“.
Портпаролката на „Твитер“ изјави дека забраната е поврзана со споделување во живо податоци за локацијата.
Ваквиот потег доаѓа откако Маск изјави дека ќе го тужи сопственикот на профилот што го следи неговиот авион.
На листата забранети новинари се наоѓаат и Мич Ли од The Intercept, Мет Бајндер од Mashable и независните новинари Арон Рупер и Тони Вебстер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…
Ако го читате овој пост тоа е…
Портпаролот на Фејсбук се огласи на Твитер:…
Предмалку на својот официјален Твитер профил се…
ЕУ најави истрага за Х (Твитер) на…
Платформата е обвинета за кршење на условите…
Тргната забраната на Х (Твитер) за Алекс…
Десничарската личност стана последниот егзил на кој…