Нашата земја: Цар Самоил преставен без никакви атрибути во новиот учебник по Историја и општество

t

Во новиот учебник по Историја и општество, кој предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи, поради грешки и лоши преводи, за средновековниот македонски владетел Цар Самоил нема никаква историска референца и не му се даваат никакви атрибути, кој бил и зошто се споменува во учебникот, пренесува Слободен печат.

За него се пишува во делот насловен со „Археолошки локалитети во нашата земја“, а наведени се и Кокино, Хераклеја и Стоби.

– Самуиловата тврдина која се наоѓа во Охрид е една од најголемите средновековни тврдини во нашата земја.

Најголемиот дел од ѕидовите и кулите датираат од времето на царот Самуил (10-11 век од н.е.), по кој оваа тврдина го добила и името. Тврдината е археолошки локалитет кој сè уште претставува предизвик за археолозите и историчарите. Во близина на тврдината се наоѓа и амфитеатар во кој се одржува манифестацијата Охридско лето, пишува во учебникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…

Студентското движење во Србија успеа да го…

Јанаки: Домашно воспитување луѓе, отидовме јабана!

СЕ Е ДО ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ!!!! Не случајно…

САД ги предупредија своите државјани и туристи…

Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗРАЕЛ: Опозицијата го обвини…

Израел се соочува со нова сериозна политичка…

Нова трагедија во мак-фудбалот: почина Владимир Секуловски

Македонскиот фудбал повторно е во тага, денеска…