Нова трагедија во мак-фудбалот: почина Владимир Секуловски

t

Македонскиот фудбал повторно е во тага, денеска почина, Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец и играч на неколку македонски екипи.

Секуловски во професионалната кариера настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп-трофеи.

Владимир Секуловски е роден на седми октомври 1980 година во Тетово, а во кариерата настапуваше за Тетекс и Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.

Секуловски имаше и интернационално искуство, во 2011 година настапуваше и за албанскиот тим Шкумбини.

Клубови, поранешни соиграчи и фанови изразија неверување и тага по објавата на веста. За сега нема официјални информации за причината за смртта.

Оваа тажна вест за македонскиот фудбал доаѓа само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди и тоа на пат кон тетовската болница откако колабира на тренинг.

Нека почива во мир….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова трагедија во мак-фудбалот: почина Владимир Секуловски

Македонскиот фудбал повторно е во тага, денеска…

ЕУ одобри најголема транша помош за Украина…

Советот на Европската унија одобри исплата на…

(Видео) Трамп: Путин е поблаг во однос…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

Филипче: Протестот во Охрид утре ќе се…

Најавениот протест на Форумот на жени на…