Основано Балканско училиште за енергетика
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија (РКЕ), заедно со регулаторните тела од Италија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора го основаа Балканското училиште за енергетика (БУЕ) по иницијатива на Регулаторното тело за енергетика, мрежи и животна средина на Италија (АРЕРА).
Како што се наведува во соопштението од РКЕ, главна цел на Балканското училиште за енергетика е да овозможи едукација за најновите текови во енергетиката за претставниците на регулаторните тела, операторите на преносните системи, операторите на пазарите на енергија, како и други чинители во енергетскиот сектор. Меморандумот за основање е потпишан од страна на сите пет земји основачи, меѓу кои е и РКЕ. За прв претседател на Балканското училиште за енергетика е избран Стефано Саглиа, кој е член на одборот на Регулаторното тело за енергетика, мрежи и животна средина на Италија АРЕРА.
-Енергетиката е во фокусот на вниманието на целиот свет и целото општество кај нас, а регулативите во овој сектор постојано се надградуваат и усогласуваат со цел да се обезбеди сигурност, стабилност во испораката на енергенси. Фокусот на едукација на новоформираното училиште ќе биде насочен кон развојот на мрежите за електрична енергија и природен гас, интеграцијата на обновливите извори за енергија и спојување на пазарите во рамките на енергетската транзиција и преку интензивно градење на капацитети и размена на знаењата. Токму размената на искуства и споделувањето на знаење како ефикасно се спроведува ЕУ регулативата е неопходно, затоа што освен што се демонстрира единство во борба со предизвиците, во исто време кога ЕУ се бори со енергетски криза се дава и креативен простор за дискусија за решенија како да се заштитат ранливите граѓаните, а да се обезбеди сигурна и стабилна испорака на енергенси, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
БУЕ потекнува од успешното искуство од проектот на Програма за размена на знаења (Know How Exchange Programme), промовиран и координиран од АРЕРА во последните четири години во рамки на програмата која е финансирана од Централна европска иницијатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Божиновска: Многу неправилности во енергетскиот сектор
Состојбата со енергетскиот сектор е катастрофална, истакна…
Кривични пријави за четири лица, меѓу кои…
Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…
ЕУ да соработува за да избегне енергетска…
Економски истражувачи од различни земји ја повикаа…
Се урна училиште во Романија, четири деца…
Зграда на средно училиште во Романија денеска…
Карта на “голема Албанија” во основно училиште…
Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени…