Како на филм: Го нападнале и му го украле возилото!
На 16.12.2022 во 17.00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Б.Р.(29) и Џ.А.(55), двајцата од с.Добридол.
Тие се сомничат дека околу 02.30 часот во угостителски објект во с.Добридол физички и со тврд предмет го нападнале А.А.(24) од с.Пирок, општина Боговиње, по што го одзеле возилото „рено твинго“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, кое тој го управувал. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Остана ли некој нормален? Повторно пријавена украдена…
Скопјанецот Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција…
Жена ограбила книжарница во Штип
На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…
Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…
Жител на Волково вчера пријавил дека од…
Болест: Украдена биста на почината жена од…
Скопјанец пријавил дека била одземена биста со…
Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и…
Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје,…