Дачиќ: КФОР уште не одговара на барањето за распоредување на српски војници во Косово
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вели дека е тешко да се разговара за трајно решение за Косово додека се апсат Срби и секој ден треба да се надминуваат разни проблеми.
Дачиќ денеска, во пресрет на 11 Конгрес на СПС во Белград, на прашањето дали Белград добил одговор од КФОР во врска со враќањето на српските сили на Косово, рече дека „до овој момент не е запознат дали имаат добиено одговор“.
Коментирајќи ја ситуацијата на Косово, тој оценува дека се наоѓаат во виртуелен процес проникнат со разни непромислени постапки на премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти, кој, како што вели, очигледно е најголемата пречка на дијалогот.
-Не можете да имате сериозен дијалог за некои големи, важни прашања бидејќи секој ден и секоја недела се занимавате со деескалација и надминување на различни проблеми. Додека луѓето се на барикадите, додека Србите се апсат, тешко дека можете да разговарате за трајно решение за проблемот со Косово – изјави Дачиќ за Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…