Кадиров на три јазици ги повика сите муслимани да се обединат против НАТО
Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров на социјалните мрежи на три јазици им се обрати на муслиманите ширум светот со апел да се обединат во борбата против НАТО.
Користејќи го текстот на кинески, но и објавувајќи видео на англиски и арапски, Кадиров најави дека западните земји му се закануваат на светот, не само со оружје, туку и со уништување на традиционалните вредности.
„Тие сакаат да не претворат во животни со кои лесно се манипулира. Тоа нема да се случи! Го повикуваме целиот исламски свет, сите здрави луѓе да се обединат против нашиот заеднички непријател!“, најави Кадиров.
Претседателот на Чеченија ја истакна и улогата на Русија во борбата против западната експанзија.
„Северноатлантската алијанса го загрозува постоењето на целиот свет. Но Русија, спротивно на сите предвидувања на Западот, го предизвика ова зло и самоуверено оди кон победа. Не дозволувајте НАТО да ви диктира, инаку наскоро ќе дојдат да газат твојата татковина! Застани на едната страна со твоите браќа!“ – рече Кадиров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…
„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…
Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…
Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…