(Видео) Државата ги понижи бранителите кога дезертерот Џафери стана министер за одбрана! Се срамам да кажам дека сум Македонка!
Дијаспората во 2001 година имаше огормни донации што беа за смејствата на погинатите и за опрема на безбедносните сили, некој што како, ови еоднации исчезнаа.
После некое време ислеениците ме побараа мене и како претставник на родителите, учесниците во воениот конфликт, да појдеме лично да не сослушаат, зошто тие донации до нас, до нашите раце воопшто не дојдоа, зошто некој си поигра со нашите судбини, некој се збогати на наша несреќа… Тоа е срамота, срамота за македонскиот народ, вели во интервју за Инфомакс Надица Мирчовска, бранител во 2001 година и сопруга на загинат командант во конфликтот.
– Во 2008 година побаравме визи за да појдеме во Америка, Канада, Австралија, зошто не’ побараа од таму иселениците, да кажеме каде се донациите, тие лично ме покануваа, ме пуштаа во програми таму, прашуваа за војната, прашуваа дали е тоа конфликт или војна.
Јас упорно тврдам и стојам на својот став, не може тоа да биде конфликт кога беше војна! Штом има погинати 80 луѓе, тоа е војна, они можат да кажат било како, али тоа беше класична војна, за д апосле прерасне во борба за човекови права.
Секоја чест од другата страна, јас немам ништо против никого, припадници на безбедносните сили имавме од сите етникуми, во погинатиот состав имаме ние Макеоднци, Албанци, Турци, Роми, од сите нацоналности, кога зборуваме за бранители зборуваме за сите етникуми, зошто војните носат само страдања.
Носат трауми, додека човеќ не го осети на своја кожа не може да го почувствува тоа и не дај Боже да го почувствува.
Во 2008-2010 година лично напишав писмо до Карл дел Понте, кажав дека Македонците не се среброљубци, дека тие имаат држава, тие се борат и ќе се борат за својата татковина, за суверенитетот и интегритетот. Тие што погинаа се херои, а не секој еден да се претставува како патриот, како бранител, а не ни знае како е… Зошто во 2001 доста припадници од албанската националност дезертираа, отидоа во УЧК, за сега да ни бидат, да ни попуваат и да ни ги кажуваат правата.
Талат Џафери беше припадник на безбедносните сили, тој дезертираше и отиде во УЧК за отпосле да се врати како министер за одбрана. Тоа беше најголемата лудост, со тоа ги понижија бранителите! Тогаш почнаа бранителите да се прашуваат, зошто погинаа, испадна дека сме криви зошто застанавме да ја браниме татковината, вели Надица која додава дека Албанците знаат за што се борат, имаат цел, се грижат за нивните борци, градат меморијални споменици во секое село…
– Јас просто се срамам да кажам дека сум Македонка, се срамам како сопруга на еден командант што погина, се срамам како еден бранител, што поминав три војни, Хрватска, Косово и Македонија и во Македонија дојдовме за да го дадам животот на мојот сопруг, за голготите кон мене и семејството да продолжат, а моето семејство да не вреди ништо во општеството, вели Надица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…
Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…
Путин: САД го креираа украинскиот конфликт
Рускиот претседател го обвини Вашингтон за организатор…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…
Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…