Не им иде паметот: МВР казни 166 возачи во Скопје за едно деноноќие!
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 31 санкција за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, побараа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…