Цената на струјата во Македонија ќе биде една од најдобрите во регионот, ветува Ковачевски
Со оглед на пресметките кои што се предадени на РКЕ, како и на пресметките кои што ги прават другите учесници во енергетскиот пазар, според првичните анализи нема да има ценовен шок за граѓаните, особено за оние од првиот и вториот тарифен блок. Тоа се граѓани кои што штедат повеќе и помалку трошат електрична енергија, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски за евентуалната промена на цената на струја од 1-ви јануари 2023 година.
Тој додаде дека во третиот тарифен блок ќе има мала промена во цената, додека во четвртиот тарифен блок цената на електричната енергија ќе биде зголемена.
-На крајот ќе добиеме цена која како и досега, ќе биде една од најдобрите во регионот и пошироко, истакна премиерот како одговор на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…