(Фото+Видео) Врие на Косово: КФОР ќе го решава проблемот, огромен број сили одат на Север – eве колкав е бројот на Македонци кои се дел од мисијата

t

Припадниците на КФОР ги зајакнаа силите и пред нешто повеќе од еден час ја проширија бодликавата жица на административниот премин Јариње.

Забележливо е и зголеменото присуство на оклопни транспортери на албанска страна, а во моментов буквално никој не може да го помине преминот.

Под оружје се присутни и голем број американски припадници на КФОР, кои протегаа бодликава жица недалеку од контролниот пункт каде што се наоѓаат голем број припадници на полицијата на Косово.

Американската барикада се наоѓа на еден километар од преминот Јариње, каде што и припадниците на КФОР поставија барикада.

Огромен број пак возила на КФОР се забележани како се движат кон Северот на Косово каде веќе 10-ти ден косовоските Срби протестираат на поставените барикади.

Претходно косовскиот премиер го повика КФОР да гарантира слобода на движење, велејќи дека се чека КФОР да ги отстрани барикадите од патиштата на северот на Косово.

„Блокирањето на јавните патишта со тешки возила за да се спречи слободното движење од страна на криминалните групи кои целат кон нашите и полицајците на ЕУЛЕКС не само што е неприфатливо, туку не смее да се повтори во иднина. И чекаме, КФОР бара извесно време брзо да ја заврши оваа работа и чекаме, ако нашето очекување од КФОР е ублажување, нека се нарече тоа ублажување, но за општото добро верувам дека сепак го избираме најдобриот можен пат“, изјави Албин Курти.

На патиштата на северот на Косово локалното населени постави барикади, откако Косовската полиција претпладнето на Граничниот премин „Јариње“ го уапси Дејан Пантиќ, поранешен припадник на Косовската полиција, под основано сомнение за вмешаност во организирање напад врз канцеларија на Централната изборна комисија и напади врз службеници на ЦИК и Полицијата на Косово во вторникот во Северна Митровица и Зубин Поток.

Врз основа на Одлуката на Владата на Република Македонија во октомври 2020 година, Армијата на Република Северна Македонија за првпат како 30-та земја членка на НАТО учествува во мисијата КФОР во Косово, каде во првата ротација: ноември 2020-април 2021 контингент од 44 припадници на Армијата, составен од штабни офицери и вод за обезбедување, ќе ги извршуваат задачите во главната команда на мисијата и во командата на КФОР – „Запад“.

Првиот контингент со македонски мировници во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово се упати на 01.11.2020 година, а веќе од 02.11.2020 година, со кревање на државното знаме на Република Македонија на јарболот во базата на КФОР во Пеќ, првиот контингент и официјално ја започна мисијата во КФОР.

Од април 2021 година придонесот во НАТО операцијата „КФОР“ е зголемен со дополнителен вод со што нашето учество достигна 65 припадници.

Двата вода се во состав на мултинационалниот баталјон во Регионална Команда Запад извршуваат задачи во согласно дадената мисија на овој баталјон, а пред се патролирање во зоната на одговорност и физичко обезбедување на командата.

Водовите за обезбедување во командата на КФОР – „Запад“ ги извршуваат задачите заедно со припадници на Армиите на Италија, која е носечка земја за овој сектор и припадници на Армиите на Австрија, Хрватска, Молдавија, Полска, Словенија, Швајцарија и Туркије.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…