ЕКСКЛУЗИВНО: Дојавите за бомби се од Македонија и имаат за цел ослободување на затвореници?
Дојави за бомби ја тресат Македонија веќе подолг временски период. “Бомбашот” или “бомбашите” започнаа со неколку скопски средни училишта, продолжија со државни институции (Министерство за надворешни работи, Народна банка на Република Македонија, Управа за јавни приходи…), полициски станици, основни училишта, трговски центри, приватни објекти…
Започнаа со Скопје, продолжија со неколку градови низ Македонија, во останатите градови таргет беа пред се училишта.
И додека МВР мака мачи да ги пронајде бомбашите, а во меѓувреме “фати” едно малолетно дете кое веројатно сакало да се забавува, дојавите за бомби продолжуваат, но не секојдневно, туку во интервали, неколку денови активно, па од некои причини следува пауза…
Од МВР и МНР во неколку наврати известија дека странските партнери на Македонија, пред се земјите членки на НАТО се известени за случајот и се работи на пронаоѓање на сторителите.
Премиерот Ковачевски на прес-конференција кажа дека скоро е невозможно да се најдат сторителите, а тоа го потврди и министерот Спасовски.
Да, практично е невозможно да се пронајдат, но што ако сепак не е толку тешко? Во јавноста се појавија шпекулации дека криминална група, преку дојавите за бомби, ги уценува македонските институции да “помилуваат” криминалци (дали од затвор или да се прекинат судски процеси)!
Ваквата информација МВР не ја негира, односно на нашето прашање дали ваквите шпекулации се вистинити МВР одговара:
– МВР во координација со други институции и партнерските служби интензивно работи на расчистување на случаите со лажните пријави за поставени експлозивни направи. Во интерес на истрагите, не може да споделиме повеќе детали од тековни истраги, од она што е споделено до сега во јавноста. Штом се затвори било која од истрагите, веднаш ќе ве известиме.
Да, истрагите се во тек и во интерес на истрагата не треба да се споделуваат детали, но МВР не негира.
Нели молчењето значи одобрување/потврдување?
Зошто доколку овие шпекулации не се вистинити, МВР не ги негира ваквите “озборувања”? Колку може негирање да ѝ наштети на истрагата?
Од друга страна пак, доколку некој ги уценува институциите со ослободување на одредени криминалци, нели би требало тоа да им помогне на службите да ги откријат бомбашите или нарачателите на ваквите закани?
Денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска, изјави дека дојавите за бомби не се реална закана, но дека институциите треба активно да работат на пронаоѓање на сторителите, што се надеваме дека ќе се случи.
Неофицијално, според информациите на Инфомакс, се работи за криминална група од село Грчец, општина Сарај, која беше мета на сузбивање на нелегална трговија со дрога во случајот “Планина”. Во таа акција неколкумина беа уапсени, а по спогодбата со Обвинителството добија затворски казни. Неофицијално групата бара ослободување на осудените,бидејќи така им било ветено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро
Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д.…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…