МОН: Во тек е постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк

t

Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување, соопшти вечерва Министерството за образование и наука (МОН).

Комисија во рамки на МОН изврши проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците пристигнати од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети.

Секој студент кој ги исполнил условите, ќе добие средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември, најавуваат од МОН.

На повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинец уапсен во Пула: Кој е човекот…

Украинецот кој денеска беше приведен во Пула…

Србија наскоро ќе има 40 борбени авиони:…

Србија наскоро ќе располага со 40 борбени…

Приведен 19-годишник од Куманово, го нападнал својот…

Деветнаесетгодишник од Куманово бил приведен ноќва по…

Тепачка со кундак од пиштол и метален…

Вчера во 19:20 часот во СВР Скопје…

Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција…

Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска…