Објавено на:

Поранешен чешки министер за надворешни очекува распад на Русија: Ќе се создадат помали републики и со тоа ќе заврши процесот на деколонизација

t

Поранешниот министер за надворешни работи на Чешката Република Карел Шварценберг очекува, како последица на војната во Украина, распад на Русија.

„Процесот на деколонизација ќе продолжи во Руската Федерација. Русија ќе се распадне. Поголемите делови ќе станат независни штом можат“, прогнозира Шварценберг за весникот „Пресе“, пренесува Танјуг.

Во тој поглед, тој ја спореди Русија со Германија, која, како што вели, „се излечила од империјализмот по поразот во Втората светска војна“. Според него, Русија постојано се шири од 15 век, а за генерацијата на претседателот Владимир Путин, распадот на Советскиот Сојуз беше „најголемата катастрофа на 20 век“, што тој сака да ја исправи.

„Трагедијата на Русија е што таа не ги знае своите граници. „Секоја империјална сила мора да претрпи голем пораз пред да се врати на нормалното размислување“, истакнува Шварценберг.

Тој рече дека во минатото секогаш постоела идејата дека малите народи морале да се жртвуваат за големите, и во 1938 година во Минхен и во 1945 година во Јалта, но, додаде, таквото размислување секогаш доведувало до катастрофи.

Шварценберг рече дека може да ја замисли Украина како членка на ЕУ, но не верува во членството на земјата во НАТО. Тој, исто така, вели дека може да замисли повторување на сценариото по 1945 година, кога Германија беше релативно брзо интегрирана на Запад, а сега на Западот можеби ќе му треба поразена Русија како сојузник против Кина.

Тој го спореди украинскиот претседател Володимир Зеленски со поранешниот американски претседател Роналд Реган.

„Двајцата претседатели кои ја променија историјата започнаа како актери и само одлично се покажаа во улогата на политичарите – Реган и Зеленски“, истакна тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Примирје во Газа е можно за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува…

Трамп тврди дека Србија сакала да започне…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Србија…

Вучиќ: Време е да почнеме да го…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес нагласи дека…

Скопје домаќин на лидерска средба ЕУ –…

Во понеделник и вторник, Скопје ќе биде…

ОЈО Битола со наредба за истрага –…

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…