Вучиќ: Време е да почнеме да го славиме животот и победите, да продолжиме да победуваме
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес нагласи дека Видовден е поважен за Србите од кој било друг празник, дека нема ништо поголемо, подобро, поубаво и позначајно од Видовден, и рече дека „време е ние како народ да почнеме да го славиме животот и победите, но и да продолжиме да победуваме“.
„За мене, овој Видовден е посебен, тоа е прекрасен ден и нашиот народ отсекогаш велел дека сè се гледа на Видовден. Исто така, може да се види кој е храбар и кој е паметен и кој колку прави за својата земја и кој прави сè сосема спротивно. Видовден е поважен за нас Србите од сè, од кој било друг празник. Формално можеме да имаме поголеми и позначајни датуми. Во суштина, немаме ништо поголемо, подобро, поубаво и позначајно од Видовден. Нашата концепција, нашиот развој и напредок, нашето страдање, нашето преродување како Феникс од пепелта, се вткаени во Видовдан“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно…
Бројот на невработените лица во третото тримесечје…
Не почна судењето за случајот со 26-годишната…
Судењето по обвинението за напад врз 26-годишната…
Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…
Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…
Тошковски: Нема да дозволиме инциденти за Денот…
Министерството за внатрешни работи ќе преземе максимални…
ОН: Бројот на жаришта на глад во…
Бројот на области чие население е загрозено…