Објавено на:

Трамп тврди дека Србија сакала да започне војна на Косово, објасни и како ги спречил

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Србија се подготвувала за вооружен судир со Косово, но дека Соединетите Американски Држави успеале да го спречат избувнувањето на конфликтот преку економска дипломатија.

„Србија беше подготвена да започне нова војна. Рекоа: ‘Ќе почнеме повторно војна.’ Планираа голем судир. Ние го спречивме тоа благодарение на трговијата“, изјави Трамп во обраќање од Овалната соба.

Според неговите зборови, Србија покажала интерес за развој на трговски односи со САД, на што тој одговорил дека „Америка не тргува со земји што водат војна“.

Во истото обраќање, Трамп се осврна и на други глобални прашања, вклучително и односите со Северна Кореја. Тој истакна дека имал „добар однос со Ким Џонг-ун“ и дека верува оти потенцијалниот конфликт може да се избегне.

„Имам одлични односи со Ким. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Некои предвидуваат судир, но јас мислам дека ќе го решиме. А дури и да дојде до тоа, ние нема да бидеме вклучени“, рече Трамп.

Американскиот претседател исто така изрази оптимизам дека примирје меѓу Израел и Хамас може да биде постигнато во рок од една седмица.

„Мислам дека сме блиску до договор. Разговарав со некои од вклучените страни. Убеден сум дека во следните седум дена може да се постигне прекин на огнот“, изјави Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…