Грчкиот шеф на дипломатијата во Приштина одби да се слика пред таблата „Република Косово“

t

Дендиас се сретна со косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервал-Шварц.

Конференцијата во Приштина затоа се одржа од другата страна на салата, каде што го немало натписот „Република Косово“, туку само знамињата на Грција и Косово. Грчкиот министер не сакал да се фотографира ниту на влезот во зградата на Министерството за надворешни работи на Приштина, бидејќи таму бил присутен и насловот „Република Косово“, пренесува Телеграф.

На прес-конференцијата Дендиас ја истакна важноста од продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги повика двете страни да спроведат сѐ што е договорено досега. Инаку, Дендиас вчера имаше средба и со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

По средбата со Дендиас, Дачиќ на прес-конференцијата рече дека го информирал грчкиот министер за надворешни работи за ситуацијата на Косово и за тоа што косовската страна не го почитува Бриселскиот договор. „Интересот на Србија е да го зачува мирот во регионот и да ги спречи сите можни инциденти, да биде фактор на мирот и стабилноста во регионот“, изјави српскиот министер за надворешни работи.

Дендиас рече дека во разговорот со Дачиќ го повторил ставот на Грција за Косово. „Продолжуваме да го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина за да се постигне правно обврзувачко решение. Договорите што беа потпишани во минатото се важни и мора да инсистираме на нивно почитување. Ќе го повторам тоа во Приштина“, изјавил грчкиот министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за полицаец кој удрил лице во…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Иран има шест услови за САД за…

Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот…

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони…

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750…

Пожар во село Чифлик – општина Сопиште,…

Голем пожар попладнево избувна на територијата на…