ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТИШТАТА! Магла има на патот Катланово – Велес – Градско
АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На автопатот Катланово – Велес – Градско утрово има појава на магла, што ја намалува видливоста до 50 метри, инфиормира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ информираат и дека поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше). Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, пак, е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ информира дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба ќе трае до 15.03.2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што…
Република Чешка го поддржува членството на Северна…
Осумгодишно дете во мавровско Велебрдо повредено со…
Осумгодишно дете од селото Велебрдо, Општина Маврово…
Иран разгледува воени цели во Европа –…
Иран разгледува напади врз воени цели во…
Чаниште и трите манастири се безбедни, огнот…
Не постои опасност за прилепското село Чаниште…
Трамп врши притисок: Сака есенва да се…
Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз…