Медведев во посета на Кина
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ненајавено го посети Пекинг каде се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг со кој разговарале за војната во Украина.
Медведев, кој сега е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, објави видео на својот канал на Телеграм на кое се гледа неговата средба со Си, а потоа и снимка од средба меѓу кинески и руски официјални претставници. Медведев рече дека со Си разговарале за стратешкото партнерство меѓу двете земји „без ограничувања“, како и за Украина. Тој не соопшти повеќе детали. – Разговаравме за соработката меѓу двете владејачки партии на Кина и Русија … билатералната соработка во рамките на нашето стратешко партнерство, вклучително и во областа на економијата и индустриското производство. Разговаравме и за меѓународни прашања – вклучувајќи го, се разбира, конфликтот во Украина, рече Медведев. – Разговорите беа корисни, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…