Од вечерва нагло влошување на времето – снег, студ и обилни врнежи до недела
Студен бран со обилни врнежи од дожд и снег ќе ја зафати Македонија од вечерва, а под влијание на циклонска активност нестабилното и студено време ќе се задржи до недела, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд на пониските места, дожд и снег на повисоките места, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.
Поради спуштање на студена воздушна маса од север, за време на викендот се очекува дополнително заладување. На дел од повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка.
Од УХМР предупредуваат дека врнежите наместа ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, додека во текот на целиот период локално се очекуваат и над 80 литри на квадратен метар.
Во Скопје, од вечерва до недела, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои за време на викендот во дел од повисоките подрачја на Скопската Котлина ќе преминуваат во снег.
Од почетокот на следната работна седмица се очекува стабилизирање на временските услови, со променлива облачност и сончеви периоди, но со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштат под нулата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од вечерва нагло влошување на времето –…
Студен бран со обилни врнежи од дожд…
Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и…
Алта банка е солвентна, банката е ликвидна…
Кривична пријава против Вучиќ и Брнабиќ поради…
Пензионираниот главен даночен инспектор Душко Вуксановиќ денеска…
Две друштва за брзи кредити добија забрана…
Две финансиски друштва добија парични глоби и…
Си Џинпинг ја проширува чистката во врвот…
Кинескиот претседател Си Џинпинг продолжува со чистката…