Штипјани уапсени заради криумчарење мигранти од Сирија, Египет и Пакистан

t

Денеска (22.12.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода А.Ј.(22) и М.Д.(19), двајцата од Штип, затоа што во товарното возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., а М.Д. бил совозач, биле пронајдени 12 мигранти (7 од Сирија, 2 од Египет и 3 од Пакистан).

Околу 13:10 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај наплатна станица Смоквица,  полициски службеници дале знак за запирање на возилото, но тоа не застанало и продолжило со движење, но , набргу возилото било запрено.  Лицата се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите.

А.Ј. и М.Д. биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Сеута: стампедо и предупредувачки…

Хаотични сцени се случувале утрово во шпанската…

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…

Пет земји од ЕУ преговараат за центри…

Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска…

Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…

Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…

Санчез ги обвини Русија и Израел за…

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…