Просечната плата е инструмент за прикривање на сиромаштијата и нискиот животен стандард

t

Просечната плата е инструмент за прикривање на нискиот животен стандард и сиромаштијата, велат од финансискиот сектор на Левица.

– Државниот завод за статистика соопшти дека просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври 2022 година, изнесува 33.104 денари. Иако е повисока во однос на истиот месец од претходната година., поради инфлаторните движења, реалната просечна месечна исплатена нето-плата е далеку пониска.

Просечната плата воопшто не ја прикажува вистинската слика за висината на платите. Само 25 отсто од вработените во Македонија земаат плата повисока од просечната. Највисока е во Секторот информации и комуникации – компјутерско програмирање во износ од 83.897 денари, а најниска е во административните и помошни услужни дејности – заштитни и истражни дејности, во износ од 18.469 денари.

Доколку не се промени методологијата и не се пресметува средна плата која ги зема предвид не само примањата на работниците, туку и процентот на вработени кои земаат определена сума пари, погрешно ќе се прикаже куповната моќ на граѓаните, затоа што просечната плата е многу повисока од средната.

Покрај тоа што животниот стандард нереално се прикажува повисок и ја прикрива сиромаштијата, овој показател на годишно ниво се користи како основица за пресметување на платите на функционерите, а со тоа се овозможува зголемување на нивните примања, кои по автоматизам се покачуваат на почетокот на годината, поради повисоко пресметани просечни плати. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават…

Левица како нова генерација млади политичари на…

Сопругата на Апасиев: Ако те плукаат СДС,…

Ако те плукаат СДС, ДПМНЕ, Алијанса и…

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

(Видео) Полноќна бонбона математика со Амар Мециновиќ:…

Полноќна БОНБОНА математика со Амар Мециновиќ, носител…