Словенија официјално доби жена претседател
Адвокатката Наташа Пирц Мусар (54) денеска на церемонија во Парламентот на Словенија положи заклетва и официјално стапи на функцијата Претседател на државата.
Таа утре и формално ќе ги преземе должностите од претходникот Борут Пахор, јавуваат агенциите.
Пирц Мусар на свечената седница положи заклетва и се обврза дека ќе го почитува уставниот поредок, ќе постапува според нејзината совест и ќе даде се од себе за да го обезбеди просперитетот на Словенија.
Иако е новодојдена во политиката, Пирц Мусар на повеќето Словенци им е позната како телевизиски водител, комесар за информации во два мандати, но и како претседател на словенечкиот Црвен крст.
Новата словенечка претседателка дипломирала на Правниот факултет во Љубљана во 1992 година, а докторирала во Виена во 2005 година. Професионалната кариера ја започна како новинарка и телевизиска водителка, а шест години подоцна застана на чело на финансискиот холдинг „Актива груп“.
Основаше своја адвокатска канцеларија, работеше на бројни силни случаи, а беше и правен советник на семејството на Меланија Трамп, сопругата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Кога станува збор за надворешната политика, таа се залага целиот Западен Балкан што поскоро да влезе во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пратеник на СДС се качи на…
Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј…
Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп
Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на…
Словенија стравува од поплави и одрони по…
Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…
Дете удри во дрво и загина на…
Дете трагично го загуби животот денеска на…
Словенечките војници „извојуваа“ да им се плаќа…
По неколкугодишни напори, вработените во словенечката армија…