Германија бара итно отстранување на барикадите на „српските милитанти“ на северот на Косово

t

„По неколку недели ескалација, Министерството за надворешни работи на Германија бара што поскоро да се уништат нелегалните барикади поставени од косовските Срби, кои исто така претставуваат безбедносен ризик. Многу сме загрижени поради тензиите на северот на Косово“, изјавил портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија за австрискиот весник „Стандард“.

„Стандард“ наведува дека „милитантните националистички Срби поставиле блокади на патиштата на северот на Косово“.

„Во четвртокот на северот на Косово се одржаа демонстрации на кои беше истакнато големо српско знаме. Српските националистички милитанти кои подигнаа барикади и организираа демонстрации припаѓаат на приврзаниците на партијата Српска листа, која е под директна контрола на властите во Србија. Тоа ја доведува во прашање државноста на Косово и монополот на косовската држава за употреба на сила на северот на земјата“, наведува „Стандард“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…