(Фото) Во беровско Русиново се одбележа годишнината од смртта на Даме Груев
Со положување на цвеќе пред споменикот на Даме Груев во беровско Русиново, се одбележа годишнината од смртта на македонскиот револуционер кој пред 116 години загина на планината Петлец.
Свежо цвеќе пред споменикот на револуционерот положија градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, и претставници на општинската администрација, а пред присутните беше прочитан реферат за неговиот живот и дело.
Пекевски пред присутните истакна дека Берово и Русиново се гордо на минатото и на имињата кои се запишаа како симбол на слободата, а меѓу нив и великанот Груев.
Големиот македонски револуционер Даме Груев, загинува на 23 декември 1906 година, во борба кај месноста Петлец, близу село Русиново.
Водејќи се од девизата „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“, Даме Груев е запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и најистакнати членови на Македонската револуционерна организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…