ЈП Комунална хигиена – Скопје ја поддржа добротворната новогодишна иницијатива на СУГС “Р.Ј.Корчагин”
В.д. директорката Косана Николиќ Мазнева и вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ја поддржаа добротворната иницијатива на СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ и заедно со најмладите членови на своите семејства ја проследија новогодишната претстава што ја подготвија учениците на ова скопско училиште. Во рамките на манифестацијата, секој од присутните гости на претставата донираше и подарок што ќе биде проследен до децата од социјално ранливите категории.
„Заедно со вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје, со задоволство ја поддржавме оваа добротворна иницијатива организирана во пресрет на новогодишните празници. Се надевам дека нашите симболични донации ќе пристигнат во вистински раце и ќе донесат среќа таму каде што е најпотребна, затоа што секое дете заслужува безгрижно и весело детство. Воедно, во текот на претстојната година ќе ја продолжиме и досегашната успешна соработка со СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, преку организирање предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина.“- изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…
Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…