(Фото) АНБ функционира како мафија: Човекот кој треба да ја превземе вината за пасошот на Онишченко фотографиран со претседателката на комисијата која го истражува скандалот?!
Еден од најголемите скандали кој ја потресе македонската јавност во изминатите неколку месеци е скандалот со македонското државјанството за рускиот асет, Oлександар Oнишченко.
Олександар Oнишченко е поранешен пратеник во украинскиот парламент, близок до поранешниот претседател Виктор Јанукович и Владимир Путин.

По промената на прорускиот режим во Украина во 2014-та година започнува и расчистувањето со корумпираните олигарси и проруски структури, Oнишченко бега од Украина откако украинската антикорупциска комисија отвори истрага против него за перење пари и корупција тешка околу 125 милиони евра.
Од 2016-та година Онишченко е во бегство и ниту една западна земја не му понуди правна заштита, а поранешниот украински пратеник е на списокот со потерници на Украина, а од јануари 2021 година е и на списокот за санкции на САД како асет на Владимир Путин и руската служба.
Онишченко од Македонија добил државјанство како истакнат спортист кој се натпреварува како македонски репрезентативец во коњички скокови.
Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимписки комитет, Федерацијата на коњички спортови сите даваат позитивно мислење за давање на македонско државјанство на Онишченко, но клучен е позитивниот одговор од Агенцијата за национална безбедност која не нашла ништо спорно иако Македонија како држава членка на НАТО имаме пристап до разунавачките податоци на сите држави членки на Алијансата меѓу кои и САД кои неодамна ја збогатиле црната листа токму со Онишченко.
Токму една од клучните одговорности на АНБ се безбедносните проверки во процесот на давање на државјанство.

И покрај пристапот до сите информации за Оничшенко од пријателските служби АНБ дава позитивен одговор на барањето на Онишченко за македонско државјанство.
За случајот да биде уште повеќе интригантен Онишченко не се појавува на ниту една од безбедносните проверки, и ги поминал сите филтри.
На 03. март 2022 година, Секторот за Управно Надзорни работи при МВР добива допис од АНБ по предмет „Прием во државјанство“.
Во истиот, прво е напишана врската и „Ваш акт бр. хх.х.хх-хххх/2021“ кој МВР го испратила до АНБ на 26.04.2021 година.
Диспозитивот на овој документ одобрува, или декларира дека против лицето Александр Онишченко нема пречки да биде внесен во државјанство на Република Македонија.
„Во врска со Вашиот акт под горе наведениот број и датум, Ве известуваме дека за лицето Александр Онишченко, кое има аплицирано за прием во државјанство на Република Македонија, не постојат пречки од безбедносен карактер“
На овој акт потпишани се четири лица.
Лицето кое го изработило актот, лицето кое го контролирало актот, како и лицето кое го одобрило актот.
Четвротото лице е Викторијо Димовски кој во тој момент беше директор на Агенцијата за национална безбедност.
Она што е интересно, е што, лицето кое го одобрило овој акт врз основа на кој акт подоцна Владата донела одлука за доделување на државјанство на Александр Онишченко е токму новоназначениот директор на АНБ, Зарко Милошевски.
Милошевски не само што не одговара за аминувањето на македонското државјанство за рускиот асет тој веднаш потоа од страна премиерот Димитар Ковачевски е унапред на позицијата директор на Агенцијата за национална безбедност.
Главоболките за Зарко Милошевски и Владата на Димитар Ковачевски почнуваат оттука, односно од моментот кога станува јавно познато дека токму Милошевски е службеникот чиј потпис стои на документот со кој се одобрува македонското државјанство за Онишченко.
Излезното решение на АНБ е добро познато за македонската јавност која одлично одлично памети како неколкумина службеници од МВР беа обвинети и осудени за македонските пасоши за белосветските криминалци како и случајот со продолжниот кабел кој беше главниот виновник за трагедијата со пожарот во тетовската болница, случај во кој загинаа 14 лица.
Овој метод е одлично познат во круговите на мафијата која за истиот го корист терминот „patsy“ или „fall guy“. Tерминот патси се однесува на лице на кое вината намерно и лажно се припишува со цел да се оттргне вината од друга страна, со цел да се заштитат дел од повисоките структури во мафијата.
Во случајот со македонското државјанство се користи и уште една одично позната стратегија, поточно ако нешто сакаш никогаш да не се разоткрие и реши стави го во комисија.
И АНБ го прави токму тоа со формирање на внатрешна Комисија составена од блиски луѓе на Зарко Милошевски која има единствена цел да ја дефлектира истрагата и вината од Зарко Милошевски и истата да ја пронајде кај неколку чиновници внатре во АНБ.
Инаку претседателка на комисијата внатре во АНБ која наводно го истражува случајот со Онишченко е Ивона Јовчевска вработена во аналитичкиот центар на АНБ и исклучително блиска до новиот директор на Агенцијата.
Човекот кој треба ја превземе вината со пасошот за Онишченко е извесен вработен во АНБ, Бобан Марку кој токму комисијата на Јовчевска треба да го прогласи за виновен.
Клучното прашање е што бараат Марку и претседателката на комисијата, Јовчевска која наводно работи на решавање на случајот на тајна средба?

Дали на оваа средба е постигнат договор за како да се изигра целата јавност со цел да иземе од вина директорот на АНБ, Зарко Милошевски.
Според информации на Инфомакс по промената од позицијата директор на АНБ на Виторијо Димовски членовите на комисијата која го истражува случајот со македонското државјанство за Онишчеко во целот се менува и се поставуваат луѓе токму на Зарко Милошевски.
Кога АНБ една од институциите која е клучна за безбедносната состојба во државата фунцкионира како мафијашка организација тогаш што останува за другите институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…