Германски лекари повикаа да не се оди на одделенија за итна помош со полесна болест за време на празниците

t

Здружението на германски лекари ја повика јавноста да избегнува да бара помош во одделениејата за итна помош ако за време на празниците страдаат само од полесни болести, јави ДПА.

Германското здружение за анестезиологија и медицина за интензивна нега (GDAIM) го упати повикот во соопштение додека државата го празнува Бадник.

Луѓето треба внимателно да размислат дали се способни да се погрижат за некои „полесни заболувања” дома за време на Божиќ и крајот на годината, рече претседателот на GDAIM, Френк Ваплер. „Ова би можело да ги ослободи болниците за оние кои навистина имаат сериозна болест и имаат потреба од итна нега”, додаде тој.

Анестезиолозите често работат во единиците за интензивна нега или како лекари во итни случаи.

Според него, неколку недели болниците се преоптоварени со пациенти заболени од респираторни инфекции, а болестите ги погодуваат и вработените кои ги лекуваат. „Сите ние треба да го дадеме својот дел за да се погрижиме оваа ситуација да не се влоши, особено за време на божиќните празници”, рече Ваплер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев лут на ЕП за критиките за…

Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…

Петровска: На СДСМ му треба лидер со…

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…

Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…

Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…