Новогодишна честитка: РКЕ ја намалува цената на струјата, ама зголеменото ДДВ значи повисоки сметки за граѓаните
Директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, изјави дека цената на струјата за малите потрошувачи, и за 99,2% од домаќинствата ќе се намали. Меѓутоа тој потврди дека ДДВ-то ќе се зголеми од 5% на 10%.
„Кога ги носевме одлуките, ги земавме во предвид заштитата на животната средина, на животниот стандард и сигналот кој го испратија потрошувачите, особено домаќинствата и факт е дека во последно време штедат.
Оваа одлука ќе се сконцентрираме да им помогнеме на малите потрошувачи.
Вкупната цена на малите потрошувачи од 1. јануари се намалува за 20,15%. Оваа цена ќе се применува за 70.000 компании во државата, компании кои се соочуваа со зголемени трошоци за електрична енергија. Тоа се мали дуќани, фризерници, берберници, мали кафулиња, компании кои им треба оваа помош. Затоа со оваа одлука нивната цена за електрична енергија.
Кај домаќинствата, цената на електрична енергија за првиот блок се намалува за 4,11%, за вториот блок се намалува за 2,95%, цената на третиот блок се корегира и се зголемува за 0,85% и за четвртиот блок цената се зголемува за 7,65%. 99,2% од домаќинствата во државата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку продолжат домаќинствата да штедат, многу мал процент ќе имаат зголемени трошоци за струја. Тоа се конкретни мерки.
Со овие наши одлуки, цената за пренос на електрична енергија се намалува за 8,66%, цената за дистрибуција за 19,54%. Тоа е дополнителна помош за компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија, затоа што нивните трошоци за мрежарина и вклучување се намалуваат за 20%.
Во изминатиот период имаше реакции дека трошокот за мрежарина е поголем од трошокот за енергија, сега тоа ќе се промени, трошокот за дистрибуција на ел. енергија се намалува за 20,6%.
Вкупната цена е збир од цената на активна електрична енергија и цена за дистрибуција. Вкупно 7,72 денари киловат час, а сега вкупната цена 7,41 денар, односно е за 4,11% е пониска. Тоа е за првиот блок. За вториот блок беше 8,08, сега 7,84. За третиот блок беше 8,66 денари, сега ќе изнесува 8,74 денари, и цената за четвртиот блок беше 17,48 денари, сега 18,81 денари.
ДДВ-то ќе се зголеми од 5% на 10%“, рече Бислимовски.
Бислимовски рече дека од првиот, вториот и третиот блок во домаќинствата ќе плаќаат речиси идентична сметка со зголемувањето на ДДВ-то.
„РКЕ ги намали цените за да не се почувствува кај домаќинствата зголемувањето на ДДВ-то. Кај тие што штедат, поттикнуваме повеќе да штедат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ да соработува за да избегне енергетска…
Економски истражувачи од различни земји ја повикаа…
Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и…
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…
Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…