Светот може да здивне – Лавров: Американците ни кажаа дека не сакаат и нема директно да се судрат со Русија
Соединетите Американски Држави преку дипломатски канали пренесоа дека не сакаат и нема директно да се судрат со Русија, како и дека нема да испраќаат воени експерти во Украина во врска со испораката на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во текот на вчерашниот ден.
„Ги прашавме Американците преку дипломатски канали, кои нашата амбасада во САД сè уште ги одржува, дали одлуката да се испратат системи Патриот во Украина значи дека таму ќе бидат и американски експерти, со оглед на сложеноста на работата на овие системи. Беше објаснето на ни во детали дека тоа не било планирано особено затоа што Американците не сакаат и нема директно да се судрат со Русија“, изјави Лавров за ТАСС.
Тој додаде дека системите „Патриот“ ќе бидат распоредени во рок од неколку месеци, но само откако украинските војници ќе се запознаат со оваа технологија.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги уништи системите „Патриот“ доколку Вашингтон му ги достави на Киев.
Тој истакна дека „Патриот“ е сличен на рускиот систем за воздушна одбрана С-300 и посочи дека руските сили ќе најдат ефикасен „противотров“ за тоа оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…