Потребни се уставни измени, не избори – Избори може да се одржат за 60 дена

t

Нема потреба од директна средба меѓу мене и премиерот за да разговараме за прашање за кое јавно се произнеле и премиерот и други чинители дека во моментов нема соодветно мнозинство за уставни измени, рече претседателот на Собранието Талат Џаери на брифинг со новинарите. Тој појанси дека се разговара со сите и во моментот кога ќе сметаат дека има предуслови да покренат иницијатива, тој како претседател на Уставната комисија и на Собранието ќе ја почне процедурата.

Џафери не прецизира до каде се преговорите со пратениците за уставните измени, бидејќи тој не преговара затоа што тоа не е негова обврска.

За прашањето за предвремени избори за сметка на гласови за уставни измени, претседателот на Собранието смета дека првото вреднување на тоа треба да се прави од аспект дали е тоа во полза на процесот на државата кон ЕУ и дали е во полза на интересот на граѓаните „па макар тоа било пазарот“.

-Некој може да каже и пазар како и да е, сметам дека треба да се има предвид дали изборите треба да се вреднуваат дали се во полза на процесот на државата во однос на ЕУ и дали е во полза во интерес и на граѓаните, па макар тоа било „пазарот“. Јас не треба да се оптоварувам со тоа дали некој тоа ќе го смета за пазар. Тоа што е во интерес на процесот, а тоа е да се случат измените на Уставот и да поработиме во определен рок да ги исполниме задачите и да станеме членка на ЕУ. Нам не ни треба друг пример, сопствениот пример со членството во НАТО, сите ги занеме перцепциите пред и по членството во НАТО а пропо геополитичките счлучувања. Во тој контекст мислам дека треба да имаме предвид што побрзо да го завршиме тој процес – рече Џафери.

Тој не одговори дали е можно да ги почнат измените на Уставот и во од да се обезбедува мнозинствот.

-Избори може да се одржат и за 60 дена од сега, нека поднесат барање за распуштање на Собранието, но кому ќе му служи тоа, кој ќе биде ефектот и резултатот од сето тоа – рече претседателот на Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…