Спречен шверц на хашиш кој требало да заврши на македонскиот пазар

t

Албанската полиција од градот Поградец денеска уапсила три лица, откако во нивното возило биле пронајдени вкупно 58 килограми хашиш, кои требало да завршат на македонскиот наркопазар.Уапсените се 17-годишник со иницијали М.К., како и Ликенд Баша(30), двајцата од Круја и Ериса Феро(28) жителка на Тирана, инаку, вработена во Националната агенција за информатичко општество.

-Дрогата е откриена во автомобил „фолгсваген“ сопственост на Ериса Феро додека другите две лица го набљудувале патот. Таа била „задолжена“ дрогата да ја транспортира од Тирана до граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, за потоа да ја предаде дрогата на Лика Баша кој требало да ја пренесе во Македонија. Полицијата ги пресретнала во близина на преминот, стои во полициското соопштение.Во оваа наркомрежа осомничени сè уште две лица, како соработници, по кои се трага. Тие се осомничени дека биле нарачатели на дрогата.Ова е тринаесетта успешна акција на албанската полиција од овој регион во сузбивањето на шверцот со дрога во правец на македонската територија, што е во рамки на акцијата „Рестарт“ почната во ноември 2021 година.Како што информираа од Националната агенција за информатичко општество, против Ериса Феро, која имала раководна функција веднаш е започната постапка за нејзина суспензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спречен шверц на хашиш кој требало да…

Албанската полиција од градот Поградец денеска уапсила…

(Фото) Хашиш со ликот на Путин: На…

Полицијата во Либија објави дека пронашла 323…