Претрес во гостиварско, пронајдени 116 грама хашиш, лишено од слобода едно лице
На 04.07.2026 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес во објект на С.Б. (63) во с. Здуње, гостиварско. При претресот, во дворот е пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш. С.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…
Апсење кај Ќафасан, гостиварец фатен со околу…
Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“…