Драма во Арачиново: 33-годишник со навлака од перница и автоматска пушка ја грабнал сопругата и ја убедувал да не се разведува
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново за кого постои основано сомнение дека во соизвршителство со друго за сега непознато лице сторил кривично дело „грабнување“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, на 7 декември 2022 година од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие насилно ја грабнале оштетената сопруга на осомничениот, со кој била во бракоразводна постапка.
На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот. На главата и ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата.
-Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се вели во соопштението од Јавното обвинителство
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата пукаше во Арачиново, возач со камион…
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на…
МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…
Малолетник повреден од остар предмет во училиште…
На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР…
(Видео) Гори дива депонија во Арачиново –…
Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на…
13-годишно дете прегазило друго дете со кола…
Ужасен инцидент се случил вчера во Арачиново,…