ПАНДЕВ ОСТРО КОН СЕЛЕКТОРОТ: „Милевски можеби е роден да тренира млади, ама ич не е за – селектор на А-тимот!
Како што се ближат отчукувањата на последните часови од 2022 година, така почнува сведување на сметките за сѐ што ни донесоа изминативе 365 дена на спортски план, меѓу кои не може еден од најважните моменти да не биде одлуката за пензионирање на најдобриот македонски фудбалер на сите времиња – Горан Пандев.
Во таа чест, „Спорт1.мк“ на популарниот „Гранде Мачедоне“ му го посвети новогодишното интервју, разговор како што досега не е прочитан со легендарниот фудбалер, за сѐ што го направи низ кариерата, за сите успешни, но и тажни моменти, за љубовната врска во стилот топло-студено со репрезентацијата на Македонија и со македонските фанови, како и за тоа што го мачи во последно време. Секако голем дел од интервјуто е посветен за неговиот однос со ФФМ, предводниците на македонскиот фудбал, а селекторот кој оствари историја, Игор Ангеловски, но и за сегашниот предводник Благоја Милевски.
Токму мислењето на Пандев за актуелниот предводник на жолто-црвените ви го нудиме како своевиден „тизер“ за тоа што ќе го прочитате во новогодишното интервју, колку да ја почувствувате расположеноста за разговор на поранешниот европски шампион, но и да сфатите колку е навистина искрен и директен во одговорите на нашите прашања.
„Луѓето што сега го водат ФФМ не мислат добро за македонскиот фудбал. Прво го сменија најуспешниот македонски селектор во историјата после голем успех, па ставија селектор, кој играше со младите категории на ЕП. Не е исто во младите категории и во А-тим, јас најдобро го знам тоа. Милевски може е роден за младата репрезентација, но не е за А-тимот. Милевски може да води младински репрезентации, да гради имиџ таму, да има негова кариера. Но, да зборуваш за професионален фудбал, треба да имаш нешто друго, треба да бидеш шмекер, фудбалерите да се чувствуваат слободни и да гинат. Тоа го имавме со Мрме. А од Куќата на фудбалот слушавме само дека Горан не направи ништо, дека Мрме не направи ништо. Се зборуваа работи надвор од реалноста, Горан го составувал составот?! Глупости. Јас секогаш сум се ставал на располагање на репрезентацијата и никогаш не сум кажувал кој да игра, кој не. Ние имавме хемија, имавме другарство, навистина бевме семејство. Денес тоа го нема и ептен недостасува“, е еден од одговорите во стилот „лично и директно“ на најдобриот македонски фудбалер на сите времиња.
Целото новогодишно интервју на Горан Пандев ќе може да го прочитате утре (31 декември), како своевиден подарок на „Спорт1.мк“ за читателите кои веќе шеста година по ред редовно нѐ следат и читаат.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…