Објавено на:

Третпат овој град е избран за најдобар за живеење во 2022 година

t

Листата која ја составува магазинот „The Economist“ секоја година има задача да го даде одговорот кој е најдобриот град за живеење во изминативе години.

Најдобриот град за живеење во 2022 година повторно е Виена.

На рангирањето влијаеле различни фактори на квалитетот на животот, здравствениот систем, образование, култура и инфраструктура. Тука исто така е и социјалната безбедност, политичката стабилност и ниската стапка на криминал.

Интересно е да се спомене тоа што се рангираат услови во 172 градови во однос на 140 изминати години и дека ова е втора година во која индексот вклучува и услови поврзани за Ковид-19.

Според магазинот „The Economist“ Виена трет пат во последните пет години успева да се најде на првото место најдобри градови во Европа. Луѓето кои живеат во Виена имаат еден свој термин – „лебенскунст“. Тоа е умешност на доброто живеење, а Виена со своите ресторани и музеи навистина е совршено место за „вежбање“ на уметноста. Овој град нуди изобилство на можности за култура и забава, како и добра инфрастуктура и општа стабилност.

Виена има 99,1 од 100 можни поени што ја сместува веднаш пред Мелбурн. Сиднеј и Осака се наоѓаат на третото место на листата на која навистина доминираат австралиските, канадските и јапонските градови.

Најважниот критериум за оценување секако дека е стапката на криминал и сложената градска инфрастуктура. Тие критериуми негативно влијаат на животот во секоја смисла.

Токму тоа некои од поголемите градови како што се Лондон, Њујорк и Париз ги сместило на полоши позиции на листата, иако се познати по своите активни култури и општествена активност.

На самиот крај на листата се наоѓа Дамаск од Сирија во кој граѓанската војна трае веќе десет години. Покрај Сирија тука се наоѓаат и градови од Русија и Украина поради очигледна причина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дунав се заканува да се излее во…

Циклонот Борис веќе предизвика хаос во централна…

Адвокатот на осомничениот за тероризам во Виена:…

Адвокатот на главниот осомничен за планирање на…

Уште еден тинејџер е уапсен во Виена:…

Уште еден млад човек (18) е уапсен…

„Не знаеме што имаше во главата на…

Имам големи планови за понатаму, изјавил уапсениот…

Македонец и Србин уапсени во Виена со…

Истрагите на виенската работна група за борба…