Хорор во Виена: Девојче со нож убило жена, го снимало ужасниот чин
Телото на 65-годишна жена доцна попладнево било пронајдено во Виена, на гробиштата Баумгартен, пишува „Хојте“.
Како што потврди полицијата, жената од австрискиот главен град е пронајдена облеана во крв. Виенската полиција потврди дека 14-годишно девојче е уапсено под сомнение дека со нож ја убило жената, со која наводно не се познавале. Мотивот за злосторството сè уште е непознат.
Според информациите на весникот „Хојте“, 14-годишното девојче ѝ се предало на полицијата и им покажало на истражителите видеоснимка од нападот врз жената. Жртвата имала тешки исеченици и убодни рани на вратот.
Весникот „Естеррајх“, пак, пишува дека тинејџерката, која е австриска државјанка, е уапсена во станот каде што живее и дека полицијата кај неа пронашла нож, за кој се сомнева дека е оружјето со кое е извршено ужасното злосторство.
Според овој медиум, постои и верзија во која девојчето прво се обидело да ја ограби жртвата. Во дел од австриските медиуми беше објавена и информација дека тинејџерката убиец наводно страда од некој вид психоза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…
ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…
Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…
ХОРОР: Мртво бебе е пронајдено во куфер…
Вистински хорор се случувал во Атина, откако…
Од виенскиот Музеј за применета уметност украден…
Музејот за применета уметност (МПИ) во Виена…
Виена, Копенхаген и Цирих меѓу најдобрите европски…
Европските градови и годинава доминираат на листата…