Ковачевски: Во новата 2023, сите заедно да продолжиме да ја градиме европската иднина на земјата
Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук ја честиташе нвата 2023. година.
Во продолжение неговата објава:
Почитувани граѓани,
Среќна Нова Година! Вам и на вашите семејства ви посакувам многу здравје, среќа, многу убави моменти поминати со најблиските, но и многу успех во новата 2023 година.
Верувам дека годината пред нас ќе биде подобра. Година во која продолжуваме напорно да работиме за да ја зајакнеме економијата, да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, да обезбедиме просперитет достоен за земја која го чекори својот пат кон Европската Унија.
Зад нас оставаме тешка година полна со многу предизвици и многу неизвесност, со тешки и критични моменти наметнати од економската и енергетската криза. Ветивме дека никој нема да биде оставен сам и ветувањето го исполнивме. Спречивме ценовни шокови, обезбедивме стабилна и евтина струја од домашно производство за сите домаќинства и мали компании, ги поддржавме работниците, бизнис заедницата, пензионерите, ранливите категории граѓани. Ги зголемивме минималната и просечната плата, но и платите во образованието, здравството и во безбедносните сектори. Го заштитивме стандардот на сите граѓани, ги одржавме компаниите ликвидни и со тоа ги заштитивме работните места. Обезбедивме доволно храна, струја и топлина за сите.
Донесовме и тешки, но државнички одлуки и после три децении, започнавме преговори за полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Денес седиме гордо на големата маса во Брисел и директно учествуваме во одлуките кои се однесуваат на нашата европска иднина.
Во новата 2023, сите заедно да продолжиме да ја градиме европската иднина на земјата. Затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во ЕУ, но тука, дома во Македонија. Заслужуваат да живеат во земја дел од сојуз со врвна демократија, социјална правда, владеење на правото и забрзан економски развој. Граѓаните заслужуваат да имаат подобар и побогат живот.
Годинава пред нас, со ваша поддршка драги сограѓани, продолжуваме посветено да работиме, да спроведувме активни мерки, политики и закони за справување со кризата, но и за натамошен севкупен напредок на државата. Со јасна визија и со напорна работа, нема недостижна цел.
Среќни празници, да сте живи и здрави!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…