Ништо од мирот во новата година: Израел го нападна аеродромот во Дамаск, загинаа два војника
Меѓународниот аеродром во Дамаск беше принуден да ги прекине операциите рано во понеделникот, откако израелски ракетен напад остави двајца војници мртви и ги оштети објектите, соопшти сириското Министерство за одбрана.
Израелски авиони го погодија аеродромот и околните области околу 02:00 часот по локално време, напиша Министерството во објава на Фејсбук.
Ракетите дошле од правец на Галилејското Море, наречено и Тиберијско Езеро, лоцирано на израелска територија, околу 100 километри југозападно од главниот град на Сирија.
„Во агресијата загинаа двајца воени лица, а двајца беа ранети, предизвикувајќи материјална штета и го ставија аеродромот надвор од функција“, се вели во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…