Објавено на:

Британците се пишманија: Најновите анкети покажуваат дека се каат што излегле од ЕУ

t

Две години по излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, речиси две третини од Британците поддржуваат референдум за повторно приклучување. Истражувањето на „Индипендент“ покажува и дека бројот на луѓе кои се против ново гласање падна на помалку од една четвртина од гласачите кои сега се против резултатот на референдумот.

Обединетото Кралство официјално ја напушти ЕУ на 31 јануари 2020 година, но во „транзициски период“ ги почитуваше законите на Брисел и остана на единствениот пазар до 31 декември 2020 година. Оттогаш, Британците веруваат дека економијата на ОК, глобалното влијание и способноста да ја контролира сопствената граница се влошила, покажуваат истражувањата.

Се чини дека ова придонесе за зголемување на бројот на оние кои сакаат иден референдум за членство. Бројот на оние кои велат дека треба да има уште едно гласање сега е 65 отсто, во однос на 55 отсто во истиот период минатата година.

22 отсто од Британците сакаат референдумот да се одржи веднаш, 24 отсто во следните 5 години, а 11 отсто во следните 6-10 години. Само 4 отсто сметаат дека втор референдум треба да се одржи за повеќе од 20 години, додека оние кои велат дека никогаш не треба да има втор референдум паднале од 32 на 24 отсто.

Крис Хопкинс од „Саванта” рече дека многумина ги прецениле потенцијалните придобивки од Брегзит. „Тешко е да се замисли дека членството во ЕУ ќе реши некое од актуелните економски прашања на земјата“, рече тој, „но перцепциите се важни“.

Истражувањето, исто така, покажа дека 54 отсто од граѓаните сега велат дека Брегзит е погрешна одлука, во однос на 46 отсто минатата година, на првата годишнина од излегувањето на Велика Британија. Не само што анкетата сугерира дека мнозинството гласачи сега мислат дека напуштањето на ЕУ ги влоши многу нештата, туку и процентот што го мислат така се зголеми во многу области во текот на изминатата година.

Вкупно 56 отсто од Британците сега мислат дека напуштањето на ЕУ ја влоши економијата, од 44 отсто. Половина од Британците мислат дека тоа ја влошило способноста на Обединетото Кралство да ги контролира сопствените граници, клучно ветување на оние што се залагаат за Брегзит, од 43 на 50 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…