Битиќи смирува: Оние кои разумно и штедливо ја трошат струјата нема да плаќаат повисоки сметки
Домаќинствата од 1ви јануари нема да имаат покачување на сметките за струја, односно оние кои разумно и штедливо ја трошат струјата, а тоа во последниве месеци, особено, се покажа дека се скоро сите наши граѓани, над 99%, и се во рамки на првиот и вториот блок на потрошувачка на електрична енергија, ќе имаат или мало намалување или незначително зголемување на сметки за струја, напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на својот профил на Фејсбук.
„Сакам да се заблагодарам на сите сограѓани кои разумно и одговорно ги користеа ресурсите во оваа криза како и на сите вработени во производствените капацитети за електрична енергија.
По неколку месеци справување со оваа криза мислам дека можеме да кажеме дека се справуваме успешно.
– Секое семејство беше субвенционирано со околу 20.000 денари претходната година за сметки за струја
– Од 1ви јануари нема да има покачување на цената на струјата, иако ќе го вратиме назад 10% износот на ДДВ-то
– Обезбеден е гас за затоплување на домовите со топлинска енергија
– Сите домашни производствени капацитети работат со полн капацитет и произведуваме доволно енергија од домашни капацитети
– Се рестартира третиот блок на Рек Битола
– Забрзано се инвестира во обновливи извори на енергија
Граѓаните можат да се мирни, имаат држава која се грижи и тоа го докажавме и покажавме.
Само така е правилно и така и ќе продолжиме“, истакна Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…
Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…
Заедништвото е клучната порака која во наследство…
Владата нареди: Институциите мораат да заштедат 15%…
Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата…
Лоши прогнози: 15% од Германците нема да…
Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите…