Без коментар: Се конфискува имотот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ја добила првостепената пресуда за случајот „Талир“ за конфискација на седиштето
ВМРО ДПМНЕ предновогодишно ја добило првостепената пресуда за конфискација на партиското седиште. Одлуката за случајот Талир 2 на судијката Даниела Алексовска Стојановска донесена во јуни, речиси шест месеци подоцна во писмена верзија на над 300 страници е доставена во палатата Христо Татарчев, потврдуваат од партијата, а пресудата нема да биде јавно објавена додека не стане правосилна..
Во јуни, судот одлучи да се конфискува зградата вредна 7 милиони евра, како и уште дваесетина партиски штабови низ државата, откако ги поништи како незаконски сите договори што партијата ги направила со градежната фирма ДГ Бетон АД Скопје. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ во интервју за весникот Вечер обвини дека се работи за политички монтиран процес во кој партијата била обвинета како заинтересирана страна.
Целокупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ повторно си останува заробен од страна на судот и е дел од пресудата дека целосно треба да се конфискува иако е неколкукратно поголем од тоа кое што претставува отштетно условно кажано побарување кое што самиот обвинител го корегира.“….вели Мицкоски.
Од партијата потврдија и дека веќе поднеле жалба на првостепената пресуда. Ќе оспорат повеќе околности на одлуката меѓу кои и за кофискација на главното партиско седиште и останатите штабови.
По носењето на пресудата во јуни, обвинителот Љубомир Лапе тогаш рече дека е задоволен од одлученото, иако остане нејасно како би се извршила конфискација на зградата која се наоѓа на земјиште кое е во сопствемност на партијата и не е опфатено со стореното кривично дело. Дополнително, зградата е под хипотека во една од банките..
Овие дилеми се очекува да се разјаснат откако случајот ќе ја помине жалбената постапка пред Апелација, а дали и обвинителството ќе поднесе жалба се уште не е извесно..
Освен конфискацијата на имотот, со пресудата на затворска и условна казна во случајот Талир 2 осудени се и екс премиерот и партиски лидер Никола Груевски, генералниот секретар Кирил Божиновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Имам голем проблем да барам од вас…
Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…
„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…
Хорор во Србија: Десет деца повредени на…
Десет деца на возраст од осум и…
Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…
Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…
Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…
Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…