Ковачевски се пофали со реализирани ветувања во 2022: 18.000 минимална плата, антикризни мерки…
Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук се пофали со ветените и реализирани проекти во 2022 година. Меѓу нив минималната плата од 18.000 денари, антикризните мерки, покачена плата во образованието…
Премиерот заборави да ги спомене и двоцифрената инфлација, зголемената цена на струјата, зголемен број на т.н социјални случаи…
Во продолжение објавата на Ковачевски на Фејсбук:
– Годинава, и покрај сите неизвесности кои ги донесе светската криза, тоа што го ветивме, го исполнивме. Двојно ја зголемивме минималната плата, а просечната плата веќе е далеку над 500 евра. Успеавме да ги покачиме платите во образованието, здравството, безбедносните сектори. Не ги заборавивме и пензионерите, пензиите се рекордно зголемени и континуирано ќе растат.
Успешно се справуваме со кризата и со над 760 милиони евра антикризни мерки, успешно ги поддржавме и компаниите и граѓаните за полесно да го пребродат овој бурен период.
Отворивме нови градинки, обезбедивме нови странски инвестиции, 2000 нови подобро платени работни места, пуштивме во употреба нови патишта, а гасификацијата е веќе реалност. Ја започнавме и енергетската трансформација на државата. Македонија набрзо ќе е енергетски центар за зелена енергија.
Во новата година, продолжуваме уште подобро и поодлучно. Нема да има недостижна цел во 2023 година! – напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…