Дали партиите поделија 20 милиони евра пари од ПЦР тестовите?!

t

За две години Македонците од свој џеб дале околу 19 милиони евра за тестирање за КОВИД-19. Само една третина или 36% од тестирањата за ковид се направени на државна сметка, односно без пари, додека останатите две третини граѓаните си ги платиле сами, а парите завршиле кај приватните лаборатории. Оваа сума на пари е уште поголема, ако се знае дека до денес се направени над два и пол милиони тестирања за корона вирусот. 

Иако Министерството за здравство имало законска можност да ја утврди највисоката цена за ПЦР тестовите што ќе ја плаќаат граѓаните при тестирање за корона, “не е донесена одлука за утврдување на највисоки цени од страна на Владата“, забележува Државниот завод за ревизија. 

Зошто се дозволило слободно формирање на цената на ПЦР тестовите кои во даден момент чинеа и по 5.500 денари, останува нејасно. Дотолку повеќе што со измените на Законот за здравствена заштита е предвидено за наведените здравствени услуги Владата да определи највисоки цени во висина на референтните цени на Фондот и за приватниот здравствен сектор заради овозможување услугите да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани и за заштита на јавното здравје и на економските интереси на сите граѓани.

Државната ревизија утврдила и дека во тој период “во услови на зголемен број издадени дозволи на приватни лаборатории за вршење услуга за дијагностицирање на КОВИД-19, Министерството не преземало активности за овозможување на истото со обврска за склучување договор со Фондот“. Истовремено, Министерството не преземало ниту активности за обезбедување на поголем број термини за тестирање на товар на Фондот во поголем број ЈЗУ поради што голем дел од осигурениците тестирањето го вршеле на свој трошок во приватни лаборатории.

Така, констатира Заводот за државна ревизија, “според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата на ниво на РСМ извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 лаборатории ПЗУ и ЈЗУ, од кои 1.337.238 PCR тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови.

Ревизорите откриле дека според податоците од модулот за План и анализа на Фондот во 2020 година на товар на Фондот, направени се 137.664 PCR тестови што претставува 36% од вкупниот број на PCR тестови за истиот период, што значи дека 2/3 од направените тестови биле на товар на осигурениците. “Напоменуваме дека дел од овие тестови се направени и заради потреба од патување, но голем дел се врз основа на медицински индикации. Поради неажурност на податоците во модулот за план и анализа на Фондот, на ревизијата не и беа презентирани овие податоци за 2021 година. Бројот на направените тестови и висината на цената на овие услуги во приватните лаборатории во различни периоди укажува на одлив на финансиски средства на граѓаните во приватното здравство. Сметано по најниската наплатена цена, според јавно достапни информации, од 1.400 денари и 819.240 тестови направени во ПЗУ за две години, станува збор за износ не помалку од 18,6 милиони евра, не земајќи ги предвид и брзите антигенски тестови и повисоко наплатените цени кои се движеа и до 5.500 денари по тест“. 

Референтна цена на пакетот за PCR тест на Фондот била утврдена во висина од 1.850 денари со примена од 22 септември 2020 година, односно 1.550 денари од 17 декември 2021 година. Во извештаите на ЈЗУ за 2020 година  искажани се услуги за PCR тестирање во вредност од 380.511 илјади денари или 6,18 милиони евра.

Министерството за здравство иако можело да формира цена што ќе ја плаќаат граѓаните за Ковид тест не го направило тоа со што на приватните лабаратории им беше овозможено да формираат цени без економска, социјална и здравствена анализа.

Лабаратории кои земаа најголем дел од 20 милионскиот колач Биотек, Авицена, Филип Втори и НИКОБ – Лаб.

Инаку Биотек беше поврзана со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за кој СДСМ тврди дека е скриен сопственик на лабараторијата во која како управител фигурира неговиот кумашин.

Од друга страна пак директорка на НИКОБ – лаб е тетката на Венко Филипче за што пак опозицијата обвини дека со нерегулирање на цените на тестовите се богатат моќници на власта.

Сопственик на Филип Втори е Жан Митрев кој беше дел од мега-скандалот со лажниот третман за лечење на коронавирус со филтрација на крв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…

На граничниот премин Табановце за влез во…

„Дали мојот татко заслужува хоспитализација од македонското…

„Државата ме остави без да го хоспитализира…

Мојсоска: Мицкоски велеше дека ќе поднесе оставка…

*Мојсоска: Надзорна расправа ќе има - ниту…

(Видео) Дали парите за рекет од Пулс…

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Поминаа 24 часа…