Eве кој доби финансиска поддршка за справување со енергетската криза
Министерството за труд и социјална политика ги објави списоците на граѓани кои ќе користат парични средства на финансиска поддршка за справување со енергетската криза.
Како што информираат истите ќе бидат исплатени на 12.01.2023 година.
Според министерството списоците се согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош).
На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на С.Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).
На веб страната на Агенцијата за вработување на Р.С.Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок)“, се наведува во соопштението.
Списокот, како што нагалсуваат од министерството се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка, а најдоцна до 09.01.2023 година.
Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта [email protected]
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и веб страната на Агенцијата за вработување на Р.С.Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето.
Списоците може да се видат на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…
Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…
Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…
Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…
Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…
Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…
Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…
18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…