(Фото) Така правеле во Канада: Муцунски ja доби наградата за најглупаво решение – наместо плацот да го заградат, полесно им беше да го блокираат кејот во Аеродром

t

Жителите на Аеродром вчера ги дочека несекојдневна глетка на кејот на реката Вардар. На едно место на горната пешачка патека поставена е железна ограда која го спречува натамошното движење. Оградата е поставена на локација каде пред неколку недели Центарот за управување со кризи предупреди дека веднаш до патеката постои провалија која е ископана и необезбедена.

Станува збор за провалија која се наоѓа на приватно земјиште, односно ископ за изградба на градба за која дозвола дала општина Аеродром и токму таа општина е одговорна за посочената парцела.

Но наместо општината да му наложи на сопственикот да ја обезбеди парцелата, утрово оградата наместо на границата на парцелата со кејот, е поставена директно на пешачката патека со што се попречува нормалното движење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…