Објавено на:

(Фото) Страв и трепет: Погледнете ја руската хиперсоничната фрегата Циркон!

t

Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која во средата тргна на борбена должност, треба да вразуми секој кој ќе се осмели да претставува директна закана за Русија, предупреди денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал на „Телеграм“.

Медведев рече дека хиперсоничната фрегата Циркон, која вчера го започна своето патување преку Атлантскиот и Индискиот Океан и Средоземното Море, е „главниот новогодишен подарок“.

„Радувај се. Ова ќе вразуми секој кој претставува директна закана за Русија или за нашите сојузници“, и порача Медведев на Алијансата.

Циркон е првата хиперсонична крстосувачка ракета во светот способна да ги победи системите за противвоздушна одбрана и противракетна одбрана, достигнувајќи брзина од над девет маха со дострел од над 1.000 километри.

Во апелот на американската амбасада во Москва на Телеграм се наведува дека Русија и САД се натпреварувале и соработувале во надминувањето на најголемите предизвици со кои се соочува светот и дека ова што се случува сега „не е достојно“ за Русите. Апелот беше проследен со видео компилација, на која, меѓу другото, се прикажани снимки од конфликтот во Украина и протестите во руските градови.

„Вашата литература се учи во нашите училишта. Вашите дела се изведуваат во нашите најпрестижни културни институции. Низ историјата, нашите земји ги обединуваше заедничката култура и нашите достигнувања. Сметаме дека ова што се случува не е достојно за вас и се солидаризираме со секој од вас кој се труди да создаде помирна иднина“, заклучуваат од прес-службата на дипломатската мисија на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…

Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…

Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…

(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…

Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…

Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…

Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…